Софтвер

Не му дозволувајте на WhatsApp да ви ја троши батеријата

21. февруари 2019 - 17:10 | К.З.

Еден од најчестите причини поради тоа што вашиот смартфон толку брзо останува без меморија е токму апликацијата WhatsApp, односно големиот број фотографии кои стигнуваат во неа.

Без паника, постои начин да се реши овој проблем.

Во неколку чекори, или подобро кажано – во неколку допири ќе ви покажеме како да се ослободите од овој проблем и во вашиот телефон ќе остане доволно простор за во него да се зачуваат сите важни работи.

Ако сте корисник на Android, тогаш одете во опцијата Settings, a потоа во Data and Storage Usage. Спуштете се до подменито Media Auto-Download и одберете ја опцијата Mobile Data, а потоа поништете ја опцијата Photos. Повторете го истото во подменијата Wi-Fi и Roaming.

Доколку имате iPhone, постапката е следна: Settings -> Data and Storage Usage. Одберете ја опцијата Photos и потоа поништете го автоматското преземање фотографии со одбирање на опцијата Never.

Коментирај