Еден од најголемите извори на анксиозност и очај е чувството дека може да има само еден одговор на големите проблеми со кои се соочуваме: една идеална работа, еден идеален партнер, еден идеален начин на живот...
Но, мора да разгледаме до која мера е возможен и план Б. Ако го раздвижите овој „план Б мускул“, ќе го зголемите чувството на сигурност и спонтаност и ќе живеете многу порелаксирано.
Растеме со многу силна поврзаност со идејата за план А, односно замислата за тоа како ќе се одвиваат нашите животи и што треба ние да направиме за да го оствариме тој пакет од добро зацртани цели.
На пример, ќе учаме правен факултет 5 години, па ќе се преселам, ќе купам стан или куќа, па ќе формирам семејство.
Или, ќе учам медицина најмалку осум години, па ќе специјализирам, ќе патувам низ светот, нема да стапам во брак. Или, ќе останам во домот на родителите, ќе се грижам за нив и ќе штедам за образованието на моите деца...
Плановите се прекрасни, но мора да бидеме свесни дека нема секогаш да се реализираат, без разлика колку ние сакаме или е трудиме тие да се остварат.
Кога ќе се случи нешто неочекувано и ќе нѐ исфрли од колосек, треба да се потсетиме дека највисокот ниво на интелигенција е способноста за прилагодување, а ние како вид сме многу прилагодливи. Треба само да се ослободиме од помислата дека немаме друга опција.
Тимот на The School of Life подетално ја обработува оваа тема: