Нѐ очекува сушна есен со просечни температури, септември топол и без дожд

Просечни температури и помалку дожд нѐ очекува оваа есен. По невообиченото врнежливо лето овој месец не се очекуваат значителни врнежи, a темпратурите ќе бидат високи и над просекот.

Метеоролозите предвидуваат температурата во септември, октомври и ноември да биде во рамки на просечните за периодот 1981-2010 година со веројатност на отстапување од плус минус еден степен. Средномесечната температура за септември, октомври и ноември во просек во овој период е околу 8 степени во планинските предели до 16,9 степени во Гевгелија. Просечните врнежи во овие месеци за периодот 1981-2010 година се од 127 мм измерени во Штип, до 326 мм во Лазарополе.

Првиот месец од есента, септември се очекуваат натпросечни температури до еден степен, но ќе нема значителни врнежи од дожд. Просекот се движи од 12 до 14 степени во западните планински предели, 14 во Берово, 16 Крива Паланка, 17 Прилеп, Битола и Охрид, 19 Скопје, Штип и Струмица, 20 во Демир Капија и Гевгелија.

Нивните прогнози се дека во првата декада од месецов ќе има претежно стабилно време со умерен северен ветер и температура од 23 до 32 степена. Од недела 6 септември се очекува пораст на дневната температура  за два до три степеnи и ќе достигне од 26 до 34 степени.

Релативно топло време ќе се задржи и во втората декада од овој месец со мал пад на температурата за два до три степени. Метеоролозите предвидуваат и честа појава на нестабилност, со пороен дожд и грмежи. Потоа следува стабилно и тополо време со пораст на дневните темпратури за два до три степени која ќе се движи од 25 до 33 степени.

Во последните 10 дена од септември, исто така ќе биде стабилно и релативно топло со температури просечни за овој период од годината.

Сушната есен ќе преовладува секаде и просечните врнежи секаде ќе бидат под просекот. Просекот на врнежи се движи од 30 мм во Штип и Демир Капија, 40 мм во Скопје, Прилеп, Берово и Струмица, 50 мм во Охрид и Крива Паланка, 70 мм во Маврово до 80 мм во Лазарополе.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе