Не помина предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ-то на струјата и храната

Наместо да донесат одлука што директно ќе го олесни товарот врз семејните буџети, пратениците од владејачката коалиција одбија да ги поддржат измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, со кои предложивме намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5% и укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи, објави пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

Како што рече, во време кога цените на храната растат без контрола, кога електричната енергија стана најскапа во регионот, кога граѓаните се принудени да живеат во постојана неизвесност за наредниот месец, мнозинството ги отфрли конкретните мерки, што веднаш ќе значеа помали сметки за струја и поевтина храна.

Предлогот предвидуваше намалување на ДДВ-то за струјата, што, како што велат предлагачите, ќе значеше 13% пониски сметки за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедеа 400 денари месечно, а за повисоките сметки, заштедата ќе беше уште поголема.

„Истото тоа важи и за основните прехранбени производи. Намалувањето на ДДВ на 0% ќе значеше директно поевтинување на храната, односно над 3.000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои лебот, брашното, млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите други основни продукти што секојдневно ги купуваат граѓаните“, рече Битиќи.

Најави дека СДСМ ќе продолжи политички да се бори за системски решенија за замрзнување на цените на основните производи, за фиксни маржи што ќе спречат злоупотреби, за итна примена на Законот за нефер трговските практики, за поевтин зелен картон и за зголемување на платите преку замрзнување на придонесите.

Тагови
реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Македонија

Сончево и потопло време: максималната температура до 21 степен

Read more

Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, рече Мицкоски

Read more

УХМР: Локален дожд претпладне и температури до 16°C

Read more

Земјотрес од 3,1 според Рихтер регистриран во Делчево и Берово

Read more
 

Вести

САД уништија голем дел од иранската морнарица, но не и клучната: Таа и понатаму го контролира Ормускиот Проток

Читај повеќе

Иран уапси 50 лица поради шпионажа за САД и Израел

Читај повеќе

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Читај повеќе

Започнаа изборите што би можеле да ја потресат цела Европа

Читај повеќе

Велигденското примирје пропадна: Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади

Читај повеќе

Иран: Две или три клучни прашања спречија договор

Читај повеќе

Пакистан: Ќе продолжиме да посредуваме

Читај повеќе
  • play_arrow

Венс: Не е постигнат договор, тие не сакаат да се откажат од нуклеарното оружје

Читај повеќе

Иран: Барањата на Американците се неразумни, не брзаме никаде

Читај повеќе