Не прифаќајте понуда за работа пред да направите еден клучен чекор

Кога станува збор за она што е важно во бизнисот, луѓето имаат различни приоритети.

Истражување спроведено во Соединетите Американски Држави покажа дека тоа е така. Според истражувањето на агенцијата за испитување на јавното мислење Gallup од 2022 година меѓу 13.085 вработени во САД, 61 отсто рекле дека сакаат поголема рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, 53 отсто рекле дека сакаат стабилна и сигурна работа, додека 64 отсто изјавиле дека приоритет им се платата и бенефициите.

Еден од најдобрите моменти за преговарање за вашите желби е откако ќе добиете понуда за работа. Овие работи вклучуваат плата, должина на одмор, работа од дома итн.

„Клучниот чекор е да напишете список на работи кои се земаат здраво за готово, без кои не сте подготвени да стапите на работното место. Ова е нешто што треба да го имате пред воопшто да ви понудат работа“, вели советничката за кариера Стејси Халер.

Анџелина Дарисо, исто така, советник за кариера, предлага кога ја правите гореспоменатата листа, запрашајте се кои се вашите долгорочни и краткорочни цели. Значи, што навистина ви треба од работа, колку плата ви е доволна, колку денови за одмор ви се доволни, какви бенефиции сакате итн. Како што забележа Дарисо, сè се сведува на саморефлексија.

При одредувањето на приоритетите, можете да побарате и стручна помош и да прашате колку е вообичаено да сакате од работа за да разберете колку е веројатно вашите барања да бидат исполнети.

Дополнително, дури и откако ќе почнете да работите во одредена компанија, треба да разговарате со другите вработени за да знаете како таа компанија изгледа одвнатре, а се со цел адекватно да ги канализирате идните барања, пишува CNBC.

Тагови
реклама

Живот

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Read more

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Read more

Родителска дилема: Дали сте подготвени за второ дете?

Read more

Меркур во Овен: Животен пресврт за 3 хороскопски знаци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Читај повеќе

Три знаци дека ви недостасуваат влакна во исхраната

Читај повеќе
  • filter

Како да комбинирате обувки со леопард дезен како модна икона?

Читај повеќе

Диета со цвекло - се слабее 5 килограми за само една недела

Читај повеќе

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 18 до 20 април за секој знак

Читај повеќе

Венеција двојно ги поскапува билетите за еднодневна посета

Читај повеќе

Зошто треба да го почнете денот со шолја какао?

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете секој ден за да го намалите холестеролот

Читај повеќе