Живот

Не сака лаги и интриги: Најискрениот хороскопски знак

24. април 2019 - 18:51 | Кајгана

Сигурно сте ја слушнале изреката „вистината ќе ве ослободи“, а тој што прв ја кажал сигурно бил роден во овој хороскопски знак.

Станува збор за хороскопскиот знак Овен, во чиј период моментално поминуваме.

Иако Овните се карактеризираат како егоистични, груби, па дури и агресивни, припадниците на овој хороскопски знак ги краси една од најубавите доблести на човечкиот вид – искреноста.

Тие никогаш не би си го трошеле времето на измислување приказни и изговори, бидејќи знаат дека вистинаа е наједноставниот пат.

Со ваквиот искрен и директен настап и став во животот тие знаат дека пред сѐ нема да се разочараат себе си, а ни другите.

Некои би рекле дека нивната искреност се граничи со дрскост, но тоа не е точно. Нагонот на Овните да ја кажуваат вистината им е вроден и сметаат дека каква било лага е глупава и непотребна.

Можеби понекогаш е подобро да ја слушнете разубавената верзија на нештата, но ако не ја дознаете целата вистина веднаш, само поголем ќе ви биде шокот подоцна.

Ако имате блиски луѓе родени во знакот на Овен знајте дека никогаш нема да ве стават во таква позиција и секогаш ќе бидат брутално искрени со вас, за ваше добро.

Коментирај