Италијанска La Gazzetta dello Sport верува дека хрватскиот центарфор ќе биде од голема корист за Милан во борбата за врвот во Серија А.
Италијанците му посветија голем текст на Марио Манџукиќ со бројни комплименти.
„Манџукиќ е совршен Хрват. Вреден, искрен и скромен човек кој направи многу во својата кариера за да успее“, пишува новинарката Алесандра Боки.
Боки потоа продолжува:
„Златан е идол на Манџукиќ и Марио го почитува максимално. Двајцата се победници, Манџукиќ, исто како и Ибра, никогаш не се предава и се бори до последната секунда од натпреварот. Го нема премногу во медиумите, но ужива голема и заслужена почит“.
Потоа се објаснува каде Манџукиќ треба да го заземе своето место во тимот на Стефано Пиоли.
„Во новиот Милан, нема да мора да биде истоштен како порано во Јувентус под Алегри, каде што исто така знаеше како да игра бек. Манџукиќ може тактички да му се приклучи на Златан, но, уште поважно, да замени некој од офанзивните играчи на Милан. Ги има харизмата, потребната сила, но и искуство во италијанскиот фудбал. Точно, нема играно од март минатата година и не беше во Европа две зими, но не се сомневаме дека тој веднаш ќе покаже зошто е донесен овде“.
„Супер Марио“ се очекува денеска да потпише договор вреден 1,8 милиони евра до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една цела сезона за 3,6 милиони евра.
Дали продолжувањето ќе се случи зависи од тоа дали тој ќе ги исполни условите пропишани во договорот за негово продолжување, а тоа се, засега, непознат број настапи и пласман на тимот во Лигата на шампионите.
Манџукиќ со овој трансфер ќе се бори за титулата со „росонерите“ и еден од неговите ривали на тој пат ќе биде неговиот поранешен клуб Јувентус, за кој играше од летото 2015 до декември 2019 година.
Есента 2019 година за Манџукиќ беше особено болна бидејќи клубот се откажа од него само неколку месеци по потпишувањето на новиот договор. Тој верува дека практично бил избркан од клубот од страна на спортскиот директор Фабио Паратичи со тогашниот тренер Маурицио Сари. Паратичи зборуваше за Манџукиќ во пресрет на поразот на Јувентус од 2:0 од Интер вчеравечер.
„Среќен сум за Марио Манџукиќ, бидејќи тој се враќа на нивото на фудбал на кое му припаѓа. Тој го избра начинот на живот со заминување во Катар, но јас секогаш знаев дека ќе се врати во важните европски лиги, бидејќи припаѓа на ова ниво и сака да се бори за трофеи“.