Не стивнуваат судирите во Нагорно-Карабах, ниту взаемните обвинувања

МИА/КАЈГАНА
/ 04.10.2020 / 10:05

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили го гранатирале Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно-Карабах, а на Facebook објавија видео од последиците од тоа гранатирање.

На видеото се гледаат кратери по експлозија на гранати, урнатини на згради, автомобили закопани во урнатините.

Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирање. Речиси сите жители ги напуштија градовите во Карабах, кои се на линијата на контакт со вооружените сили на Азербејџан.

Од Азербејџан, пристигнуваат поинакви информации за тековниот конфликт околу Нагорно-Карабах. Ракетите летаат од Степанакерт кон азербејџанските градови, Баку одговара на огнот, тврди денеска Министерството за одбрана на Азербејџа,појаснувајќи дека е извршен ракетен напад од територијата на Степанакерт врз азербејџанските градови Тертер и Хорадиз, кои граничат со Нагорно-Карабах.

„Во моментов, ерменските вооружени сили од територијата на Ханкенди (Степанакерт) истрелуваат ракети кон градот Тертер и градот Хорадиз во областа Фузули“, се вели во соопштението.

Министерството вели азербејџанската армија „презема соодветни мерки“.

Официјални лица од Нагорно-Карабах соопштија дека досега се убиени над нивни 150 војници. Азербејџанските власти не дадоа детали за нивните воени жртви, но соопштија дека биле убиени 19 цивили и уште 55 ранети.

Вахрам Погосијан, портпарол на претседателот на Нагорно Карабах, вчера на Facebook напиша дека разузнавачките податоци покажуваат дека околу 3.000 Азербејџанци загинале во борбите, но не даде детали. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Свет

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе