Фит

Не ви треба теретана, вежбајте со предмети што ги имате во вашиот дом

9. април 2019 - 14:04 | А.С.

Најчест изговор зошто луѓето не се физички активни е дека немаат време, а веднаш зад него е дека теретаните им се скапи или пренатрупани со луѓе.

Веќе немате изговори, а поминаа многу понеделници и „први во месецот“ кога требаше да почнете да вежбате. Фитнес инструкторите велат дека единствената „опрема“ што ви треба е волјата да вежбате, па затоа изгледајте го ова видео во кое Зузана ви покажува како да користите секојдневни предмети што ги имате во вашиот дом, како опрема за вежбање.

На овој начин сами го контролирате времето кога вежбате, уживате во приватноста на вашиот дом и не трошите пари.

А кога еднаш ќе почнете да вежбате, потоа ќе сакате да преминете на следното ниво!

Ако знаете што точно сакате и која е вашата фитнес цел, полесно ќе ја остварите. Без разлика дали почнувате да вежбате за рекреација, слабеење, затегнување или дефиниција на мускули, без план не правите ништо.

За градење мускули ви требаат протеини, а нив главно ги има во месо, јајца и млечни производи. Сепак, немојте да јадете барем два часа пред тренинг, за да има време организмот да ја свари храната. Така ќе избеегнете мачнина и грчеви во стомакот. После тренингот, почекајте 45 минути до еден час пред да јадете.

Многу е важно да си ги знаете своите граници. Не претерувајте уште на почеток, бидејќи така ризикувате да добиете воспаление на мускулите и да се откажете, но може и да се повредите. Првиот тренинг треба да биде потготвителен, особено ако не сте вежбале подолго време. Бидете умерени и разумни, за да можете постепено и без болка да ја постигнете вашата фитнес цел.

Коментирај