Вљубениците во астрономијата вечерва ќе може да ја набљудуваат најдолгата „Крвава Месечина“ во 21. век.
Додека изгрева, природниот сателит на Земјата ќе биде помрачен и ќе добие впечатлива нијанса на црвена или боја на ‘рѓа.
Периодот на помрачување ќе трае еден час и 43 минути.
„Крвавата Месечина“ ќе може да се набљудува од Европа, Блискиот Исток, Африка, Австралија, поголемиот дел од Азија и Јужна Америка и Велика Британија од 21 до 22 часот и 15 минути.
Вечерва, и во наредните денови, исто така планетата Марс ќе биде на најблиска оддалеченост од Земјата од 2003 година наваму и ќе биде видлива како „јасна црвена ѕвезда“ при ведро небо.
Зошто оваа „Крвава Месечина“ ќе трае толку долго?
Месечината ќе помине точно низ центарот на сенката на Земјата, во најшироката точка на сенката. Ќе биде најдолгата „Крвава Месечина“ бидејќи сончевата светлина се филтрира низ атмосферата на Земјата и ја дава карактеристичната нијанса.
„Ова е најдолго што може да трае едно помрачување на Месечината“, вели професот Тим О’Брајан, астрофизичар од Универитетот на Манчестер.