Недела на контрацепција: Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства

Во рамки на одбележувањето на Недела на контрацепција од Македонската асоцијација на гинеколози велат дека Република Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства, односно само 21 процент.

-Според Светската здравствена организација, околу 16 милиони адолесценти на возраст од 15 до 19 години раѓаат деца секоја година, што претставува околу 11 отсто од вкупните раѓања во светот. Низ нашето образование ретко се зборува за сексуално и репродуктивно здравје. Дури 20 проценти од нашите адолесценти сметаат дека кондомот може да помогне во спречување на бременоста, но не и во спречување на било која сексуално пренослива инфекција (СПИ), велат од Асоцијацијата на гинеколози.

Посочуваат дека се потребни доверливи дискусии со адолесцентите. Истите треба да имаат избор, пристап, доверлива здравствена грижа, едукација и поддршка за да го подобрат својот сексуален и репродуктивен живот, како и слободен пристап на младите до контрацепција.

-Планирањето на семејството овозможува секој пар да го одреди времето и бројот на бремености во нивниот живот, како и растојанието помеѓу децата во семејството. Планирањето на семејство води до подобри здравствени резултати и за мајката и за бебето.  Планирањето на семејство е главен економски двигател на жените во последните 85 години, значително ја намалува стапката на детска сиромаштија, како и стапката на сиромаштија кај возрасните, го подобрува нивото на образование помеѓу младите, ја намалува лошата или никаква пренатална грижа и употребата на недозволени дроги, се вели во соопштението.

Од Македонската асоцијација на гинеколози додаваат дека денес, не само што ни се достапни безбдени контрацептивни средства, туку има и поголем опсег на избор, а тоа значи поголема автонимија над нашето тело, над нашето сексуални и репродуктивно здравје. 

реклама

Дали петок 13 ноември 2026 ќе биде „Судниот ден“?

Read more

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Сепаратистичка партија победи на изборите во Квебек и најави референдум за отцепување

Read more

Што се случува со крвниот притисок кога пиете повеќе вода?

Read more

Живот

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Read more

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Read more

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Read more

Магазин

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Читај повеќе

Дали „крцкањето“ на прстите предизвикува артритис?

Читај повеќе

Неделен финансиски хороскоп до 11 октомври

Читај повеќе

Кога вашиот фрижидер троши многу повеќе струја отколку што треба?

Читај повеќе

Што ќе ви се случи во телото кога ќе престанете да пиете алкохол еден месец?

Читај повеќе

Бели или кафеави јајца: Дали бојата на лушпата открива кои се подобри?

Читај повеќе

Момчињата треба да ги учиме што е согласност многу порано отколку што мислите

Читај повеќе

Како да разликувате бронхитис од пневмонија?

Читај повеќе

Рецепт за најдобра коленица во сос од сенф

Читај повеќе