Неделна програма Cineplexx 12.10. - 18.10.2017

Четири нови наслови оваа недела во Cineplexx

Снешко

Мајкл Фасбендер („Икс Мен“), Ребека Фергусон („Невозможна Мисија - Одметници“), Шарлот Гејнсбург („Ден на независност: Нова закана“), Вал Килмер (“Врелина”) и оскаровецот Џеј Кеј Симонс („Ритам на лудилото “) глумат во филмот „Снешко“, застрашувачки трилер на режисерот Томас Алфредсон („Нека влезе вистинскиот “), базиран на светскиот бестселер на Ју Несбе. Кога главниот детектив на елитен криминалистички оддел (Фасбендер) ќе почне да го истражува исчезнувањето на жртвите на првиот снежен ден, ќе биде шокиран од помислата дека недостижниот сериски убиец е повторно активен. Полицаец ќе мора да поврзе со децении стари нерешени случаи со новите брутални, ако сака да го надмудри ова незамисливо зло пред повторно да падне снегот.

S.M.A.R.T. потера

Агент од приватно обезбедување кој треба да изнесе скапоцен кинески артефакт од Шангај, но на патот го чека заседа. Кога група крадци ќе ја лоцира пратката, агентот и жената која ја сака се доведени во опасност. Како би ги спасил двaјцата и успеал да ја сочува пратката, агентот мора да ги надмудри крадците а истовремено да ја избегне шангајската полиција.

Ана Каренина: Сеќавањата на Вронски

Дејствието на филмот се одвива во време на руско-јапонската војна, во Манџурија. Главниот хирург на руската војна болница им ги спасува животите на неколку ранети официри, помеѓу нив и на грофот Вронски. Откако ќе го дознае неговиот идентитет, оди во болничкиот стационар каде му соопштува дека суровата игра на судбината придонела баш тој да му го спаси животот, бидејки токму грофот го смета виновен за трагедијата на неговото семејство. “Моето име е Сергеј Каренин господине Вронски, син единец на Ана Каренина“. Без гаење на никакви илузии и не барајки одговори, младиот Каренин директно му го поставува на Вронски прашањето кое го мачи целиот живот: што ја натерало неговата мајка на кобниот чин? После кратко двоумење Вронски одлучува да ја раскаже својата приказна за трагичната љубов со Ана Каренина. Вронски се навраќа во минатото, и со синот на Ана ги споделува сеќавањата на кои е заложник триесет години, забележувајки дека луѓето се сеќаваат само на она на што сакаат да се сеќаваат.

Кога денот немаше име

Овој филм ја раскажува приказната за шест тинејџери. Милан и неговиот најдобар пријател Петар подготвуваат авантуристичка екскурзија со своите другари некаде на периферијата на Скопје. Тие се возбудени од претстојната ноќ на пиење и лудување пред раноутринската риболовна експедиција. Тие се типични тинејџери, полни со сексуални и романтични тензии и возбуда, вознемирени и оптеретени со пари и материјални нешта. Понекогаш се ѓаволести, понекогаш и ангелски; гладни за да бидат возрасни, а сепак со детско однесување. Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација која расте растргната од социјална несигурност и сомнителни вредности. Нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка и целосно е превртена со ненадеен конфликт...

 

КИНО ПРОГРАМА (12.10.2017-18.10.2017)

Истребувач 2049 3Д

Секој ден: 16:00, 19:20, 22:15

Викенд: 13:00, 16:00, 19:15, 22:15

Истребувач 2049 2Д

Секој ден: 18:00, 21:15

Викенд: 14:00, 17:50, 21:15

Кога денот немаше име 2Д

Секој ден: 17:30, 19:45, 21:30

Ана каренина Сеќавањата на Вронски 2Д

Секој ден: 15:15, 18:40, 21:30

Викенд: 12:00, 15:15, 21:45

Снешко 2Д

Секој ден: 15:00, 17:20, 20:00, 22:30, 23:20

Викенд: 12:30, 15:00, 19:30, 22:45, 23:20

Кингсмен 2Д

Секој ден: 16:20, 19:00, 21:45

Викенд: 12:45, 16:15, 19:00, 22:00, 23:40

Американски Платеник 2Д

Работни денови: 18:15, 20:20, 22:45

Борг и Мкенро 2Д

Секој ден: 15:30

Тоа 2Д

Секој ден: 20:40, 22:45

S.M.A.R.T. Потера 2Д

Секој ден: 17:00, 18:50, 20:40

Викенд: 14:40, 16:50, 18:45, 21:00

ДЕТСКИ ФИЛМОВИ

Лего Нинџаго 3Д

Секој ден: 15:45

Викенд: 11:40, 13:45, 15:45

Лего Нинџаго 2Д

Викенд: 11:00, 13:15

Подлиот Јас 3 3Д

Викенд: 11:20, 13:30

Емотикони 3Д

Викенд: 12:30

Малиот Бигфут 3Д

Секој ден: 16:40, 18:30

Викенд: 12:15, 14:20, 16:40, 18:30

ОПЕРА

Волшебната Флејта, МЕТ, 2017 HD сателитски пренос во живо

Сабота: 18:55

 

*Cineplexx го задржува правото за промена на редовниот репертоар.

реклама

Филм & ТВ

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more
 

Сцена

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе