Недостаток на железо во крвта: Како да го препознаете и што треба да јадете?

Недостатокот на железо во човечкото тело е главна причина за анемија или слабокрвност, а сидеропеничната анемија е најчестиот тип на анемија.

 

Сидеропенична анемија се манифестира со вртоглавица, слабост и постојан умор.

Проверете што можат да откријат овие изненадувачки симптоми дека страдате од недостаток на железо во крвта.

1. Уморни сте

 

Ова е најчестиот симптом на недостаток на железо, а д-р Ненси Берлинер вели дека жените често го пропуштаат овој симптом затоа што се навикнуваат на чувството на умор, па го отфрлаат како симптом. Сепак, добро е да се објасни дека недостатокот на железо предизвикува намален проток на кислород во ткивата, па телото ќе биде лишено од потребната енергија. Ако сте уморни и прилично нервозни и имате проблеми со фокусирањето, можеби виновен е недостатокот на железо.

2. Имате тешки менструации

Кај жените, недостатокот на железо е една од главните причини за обилна менструација, вели гинекологот Жак Мориц.

„Жените во оваа ситуација губат големи количества крв, а само околу половина од тоа се надоместува, а потоа повторно губат исто количество крв следниот месец“, додава таа.

Доколку дошло до такви промени во вашиот менструален циклус, време е да разговарате со гинеколог.

3. Бледи сте

Хемоглобинот ѝ дава на крвта црвена боја и затоа кожа тобива розеникав тен. Тоа значи дека пониските нивоа на протеини може да ви „земат“ боја од лицето. Без разлика на тонот на кожата, ако забележите дека кожата во усната шуплина е бледа, можеби станува збор за недостаток на железо.

4. Често останувате без здив

Без разлика колку длабоко вдишувате, сепак се чувствувате како да немате доволно воздух? Д-р Берлинер наведува дека овој проблем често се забележува при недостаток на железо и треба е да се справите со тоа, особено ако останувате без здив при вршење на дејствија кои инаку не го предизвикуваат овој проблем.

5. Срцето ви чука побрзо

Срцето што работи толку напорно може да страда поради тоа, па може да се развијат различни состојби, па дури и срцева слабост. Пред да се исплашите, добро е да запомните дека пред работите да тргнат наопаку, мора да страдате од анемија подолго време. Но, дури и ако имате проблеми со срцето, задолжително посетете лекар доколку забележите некакви промени.

6. Синдром на немирни нозе

Околу 15 проценти од луѓето кои страдаат од синдром на немирни нозе имаат недостаток на железо, а колку помалку железо во телото, толку полоши ќе бидат симптомите.

7. Имате главоболки

Според експертите од Националната фондација за главоболка, недостатокот на железо ќе предизвика повеќе кислород да патува до мозокот, а дури тогаш другите органи и ткива доаѓаат во ред, што ќе резултира со артериски оток што ќе предизвика главоболки.

8. Вознемирени сте без вистинска причина

Иако денес не треба многу за да бидеме под стрес, недостатокот на железо може да биде една од причините зошто се чувствувате вознемирени. Недостатокот на кислород го нарушува нервниот систем, што ќе влијае на вашето расположение, а недостатокот на железо ќе предизвика забрзано отчукување на срцето, што ќе ве доведе до добро познатата ситуација кога чувствуваме вознемиреност, а не знаеме зошто.

9. Губење на косата

Недостатокот на железо, особено кога се развива во тешка анемија, може да предизвика губење на косата.

„Телото тогаш е во состојба на преживување, па ќе испраќа кислород само за потребите на виталните функции, што значи дека ќе страда остатокот од телото, а исто така и скалпот“, вели д-р Мориц. Не мора веднаш да паничите, но ако забележите дека губите повеќе од 100 влакна на ден, можеби е време да посетите лекар.

10. Вие сте вегетаријанец или веган

Не секое железо е исто. Телото го апсорбира она што доаѓа од месото и рибата два до три пати поефикасно од она од растително потекло. Сепак, можете да внесете доволно железо доколку мудро планирате, затоа во чинијата додадете зелен лиснат зеленчук, интегрални житарки и комбинирајте ги со храна богата со витамин Ц, како пиперки, брокула или боровинки, за да помогне во апсорпцијата на железото.

Храна која содржи железо

Не е неопходно да се имаат сите симптоми, за да се преземе нешто во врска со намаленото железо во крвта. Важно е железото да се внесува во организмот преку храната, а ова се некои од намирниците кои го содржат.

1. Дроб: Органското сточарство гарантира месо со највисок квалитет, а истото го прави и црниот дроб кој е одличен извор на железо, минерали, витамини и протеини. Свинскиот црн дроб е можеби најдобриот избор бидејќи е помалку масен и содржи најмногу железо и витамин Ц.

2. Остриги: Одлучете се за остриги бидејќи тие великодушно ќе ви подарат многу железо. Има и школки и лигњи кои исто така се одличен извор на овој минерал.

3. Просо: Житарката која повеќе не е толку застапена во омилената храна нуди 9 mg железо на 100 грама, што го прави идеален за замена за овој минерал.

4. Црвено месо: Црвеното месо, како говедското, е познат извор на овој минерал. Само 85 g содржи 5,25 mg железо.

5. Семки од тиква: Оваа популарна закуска е одличен извор на железо, само една чаша цели семки нуди 2 mg железо.

6. Соја: Една шака соја содржи околу 4 мг железо, а дополнително на организмот му нуди минерали како бакар, кој ги штити крвните садови и имунолошкиот систем.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Здравје

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Лекари откриваат седум необични симптоми на рак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе