Фудбал

Недостижниот ПСЖ по осми пат шампион на Франција

21. април 2019 - 18:24 | МИА

Екипата на Пари Сен-Жермен по осми пат во историјата на Француското фудбалско првенство ќе го освои шампионскиот трофеј.

Парижаните вечер од 21 часот треба да го одиграат својот меч од 33. коло во Лига 1, но по нерешените 0:0 попладнево на дуелот Тулуз – Лил, ПСЖ и официјално ја завери новата титула.

Предноста на ПСЖ пред Лил изнесува недостижни 16 бода.

Коментирај