Недоволното спиење може да го зголеми ризикот од затнати артерии

Живееме во „брзо време“ и на сите ни недостасува сон, а премалку часови сон е поврзано со зголемен ризик од периферна артериска болест (ПАД).

ПАД е честа состојба во која акумулацијата на масни наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете.

Новото истражување спроведено на Институтот Каролинска во Стокхолм откри врска помеѓу спиењето и зголемениот ризик од периферни артериски заболувања.

„Нашата студија сугерира дека спиењето 7 до 8 часа навечер е добра навика за да се намали ризикот од оваа болест. Покрај тоа, проблемите со спиењето се меѓу највисоко рангираните поплаки на пациентите со периферна артериска болест“, вели авторот на студијата, д-р. Шуаи Јуан.

Во истражувањето учествувале 650.000 луѓе, а во првиот дел од студијата била спроведена опсервација која требало да ја утврди врската помеѓу времетраењето на спиењето и артериските заболувања. Вториот дел од експериментот вклучува рандомизирани контролирани испитувања кои се состојат од податоци од 608 илјади луѓе.

Д-р Јуан укажа на ограничувањето предизвикано од опсервациската анализа со тоа што не можете да бидете сигурни дали лошите навики за спиење предизвикуваат ПАД или дали ПАД предизвикува лоши навики за спиење.

„Менделовата рандомизација е робустен метод за проценка на каузалноста и обезбедува поголема сигурност за резултатите“, додаде д-р Јуан.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои спијат помалку од 5 часа навечер имаат речиси двојно поголема веројатност да развијат ПАД, а рандомизираните контролирани испитувања го поддржаа ова откритие.

Недоволното спиење во текот на ноќта и дремењето во текот на денот претходно биле поврзани со зголемен ризик од коронарна артериска болест, која, како и ПАД, е предизвикана од блокирани артерии.

Тагови
реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Здравје

Кои се можните причини за вртоглавица?

Read more

Како да знаете дека ви недостига витамин Ц?

Read more

Јадењето навечер дебелее: Мит или вистина?

Read more

Зошто имаме силна желба за благо после јадење?

Read more
 

Магазин

Најлошата првоаприлска шега: Кога Google направи хаос со мејловите

Читај повеќе

Шест заблуди кои ви го уништуваат сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се можните причини за вртоглавица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се 15-те најбрзи авиони во светот?

Читај повеќе

Љубовен хороскоп за април 2023 година

Читај повеќе

Како да знаете дека ви недостига витамин Ц?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стјуардеса стана интернет сензација откако ослабе 100 килограми

Читај повеќе

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Читај повеќе

Јадењето навечер дебелее: Мит или вистина?

Читај повеќе