Фудбал

Недвед: Има понуди за Дибала, но ќе одлучуваме на раат

30. јули 2019 - 20:25 | МИА/КАЈГАНА

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала е сѐ поблиску до трансферот во Манчестер Јунајтед.

Ова го тврди добро информираниот италијански спортски новинар Џанлука ди Марцио кој додава дека претставниците на играчот на Јувентус се наоѓаат во Манчестер каде што ги договараат личните услови на Аргентинецот.

„Има понуди, одреден интерес, но чекаме конкретен потег за да одлучиме на раат“, изјави потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед.

Освен Јунајтед, за 25-годишниот Дибала се интересираат и ПСЖ и Тотенхем, како и Интер кој сака да го замени со Мауро Икарди.

Во „Старата дама“ ќе бидат подготвени за продажба на Дибала и ќе ја почитуваат одлуката на играчот, но сигурно ќе инсистираат да го продадат во странство, а не во италијанското првенство.

Коментирај