Недвед: Пирло и Роналдо остануваат во Јуве

Потпретседателот на „Старата дама“ јавно ги демантираше шпекулациите дека тренерот Андреа Пирло и ѕвездата Кристијано Роналдо ќе си заминат од клубот.

Резултатската криза која владее во Јувентус го турна клубот вон зоната која води во Лигата на шампионите. Оттаму и шпекулациите дека тренерот Андреа Пирло ќе заработи отказ, како и дека Кристијано Роналдо ќе си замине доколку Јуве навистина до крајот не успее да се избори за настап во елитата.

Таквото сценарио го демантираше поранешниот фудбалер и сега потпретседател на клубот, чешката легенда Павел Недвед.

Од популарното шоу „Striscia La Notizia“ беа дојдени во клубот да им ја доделат сатиричната награда Tapiro d'Oro (Златен тапир), но никој од фудбалерите не сакаше да ја прими, а на крајот единствен јунак излезе Недвед кој приликата ја искористи и за да ја искоментира актуелната ситуација.

„Ни се случува еден период на потешкотии, што е нормална работа. Тоа е тоа. Пирло дефинитивно останува, како и Роналдо, одиме заедно до крај“, изјави Недвед и потоа ја прими „наградата“.

И покрај оптимизмот на Недвед, факт е дека Роналдо не сака да биде во клуб кој не би играл во Лигата на шампионите. Но, за било какви претпоставки треба прво да се почека и да се види како ќе изгледа табелата на крајот од сезоната бидејќи Јуве сепак е само еден бод зад 4. место.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе