Конечно е претставен трејлерот за продолжението на видеоиграта „Need for speed“.
После паузата во серијалот и неколкуте неуспешни обиди, NFS се враќа во Мајами со духот и боите на осумдесеттитете, или така ни се чини од првото видео за најава на играта.
Други детали нема, објавува Play Zine, но најавено е дека играта ќе биде промовирана на Gamescom саемот, така што ни останува да почекаме до тогаш. Новата „NFS Heat“ пристигнува во ноември!