Негативната страна на киселата зелка

Иако овој зимски деликатгес е богат со многу корисни материи, постојат и негативни работи кои ретко кој ги знае, а на кои треба да се внимава.

Многумина во студените зимски денови уживаат пред ручек да замезат кисела зелка зачинета со буковец и чашка или две жолта ракија, или пак мастика. Се случува и да се изеде цела чинија кисела зелка за вечера за, нели, здрава исхрана. Сепак, колку и да е оваа храна здрава, има своја негативна страна.

Пресолена

За киселењето на зелката се користи голема количина сол, а тоа не е здраво, особено што по јадењето се пие голема количина вода. Кога во организмот се внесува голема количина сол, човекот може да се разболи од зголемен крвен притисок, солта во организмот станува оптеретување за бубрезите, се таложи во зглобовите и во крвните садови.

Поради солта вишокот течност се задржува и тешко се исфрла, а солта го пореметува и односот на калиум и натриум, па влијае на грчеви во мускулите, особено околу вратот и грбот. Доколку консумирате кисела зелка, се препорачува солта потполно да ја исфрлите од останатите намирници и оброци, бидејќи доволно ќе внесете преку зелката.

Нерамнотежа на минерали и витамини

Немир кај рацете и нозете се јавува често како последица на нерамнотежата на калиум и натриум, што е предизвикана од премногу сол. Сѐ повеќе истражувања укажуваат и на поврзаноста на употребата на сол во исхраната и појавата на некои видови на рак.

Солта од киселата зелка не се отстранува потполно дури ни со миење на листовите пред употреба. Според тоа, со киселата зелка, која без сомнение е навистина корисна, сепак треба да се биде внимателен. Доколку страдате од висок крвен притисок, можете да консумирате свежа зелка, која ја има на рафтовите во маркетите дури и во најладните месеци.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Живот

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Read more

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Read more

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе