Скопје, 3 август 2020 (МИА) – Во близина на раскрсница кај село Црвени брегови на регионалниот пат Неготино – Градско, вчера во 04:30 часот бил лишен од слобода А.Ј.(30) од Неготино кој управувал патничко моторно возило „фолсваген венто“ без регистарски ознаки, бидејќи во возилото превезувал мигранти.
При негово запирање биле пронајдени три лица-мигранти од Бангладеш.
– За настанот е известен јавен обвинител и по негови насоки мигрантите се сместени во ПТЦ-Винојуг Гевгелија, додека пријавениот е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, соопштија денеска од МВР.