Негрижата за Маврово

Националниот парк Маврово е живеалиште на ретки растителни и животински видови. Исто така, Националниот парк Маврово во последно време се претвора и во повремено викенд живеалиште на некои вакви ендемски видови, а никој не мрда со прст тоа да се промени.

Некој си ја реновира викендицата спроти Хотел Бистра и во последнава година смета дека е нормално вака да го исфрла шутот и старите предмети. Бидејќи се случува веќе подолго време вака да си дреме ѓубрето и никој не презема ништо, веројатно и надлежните служби сметаат дека ова е во ред. Останатите кои поминуваат од тука и ги дочекува глетката, се прашуваат „Добро бе, на што личи ова"?

Најлонски ќеси насекаде, во водена или во зелена површина, се честа глетка. Да, стигнале таму како последица на ниската свест, но стојат таму како да не постои служба која е задолжена за чистење. 

Тоа што е скршено, тешко дека некој ќе го поправи. Зошто некој би се замарал на пример со поправка на оваа ограда на патот пред Хотел Бистра, кога може судбината да ги земе работите во свои раце и да чека да се случи катастрофа, како на пример некое дете да падне тука.

Градежен шут веќе подолго време стои на почетокот на патот од ски центарот кон Никифорово, над Хотел Спорт. Не е санкциониран незнајниот јунак кој го исфрлил/оставил овде, ама и никоја од надлежните служби не мрда со прст за да биде отстранет срамот, па си стои вака подолго време. До кога ќе стои, никој не знае. Веројатно, оставен е на вечноста.

Лево од таблата Маврово, од другата страна на улицата, подолго време си дреме „уметничка инсталација" која би можеле да ја наречеме „Прозори во природа, масло на платно". 

Ваквите глетки стануваат секојдневие во Националниот Парк Маврово. Трагедијата да биде поголема, никој надлежен не мрда со прст за да се промени ова. 

 

Тагови
реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Теми и коментари

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more

Водич од паталец: Како ти оди борбата за менталното здравје?

Read more
 

Ново

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Читај повеќе

Никој не ги побара, ама игри ќе има и на LinkedIn

Читај повеќе

Нови казни во Англија: Одземени му се бодови на освојувачот на две ЛШ

Читај повеќе

Дерматолог открива каде најмногу грешиме со негата на кожата во пролет

Читај повеќе

Што најчесто се расипува кај електричните автомобили?

Читај повеќе

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Читај повеќе

Претепан возач на автобус на ЈСП

Читај повеќе

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Читај повеќе