Неискористените дози вакцини Израел им ги испраќа на други држави

Израел најави дека на Палестинците и некои други земји, како Хондурас, земјата која во Ерусалим сака да отвори амбасада, ќе им испрати „ограничено количество на неискористените дози од вакцината против COVID-19“.

Еврејската држава засега е светски рекордер според бројот на вакцинирани граѓани, бидејќи веќе има ревакцинирано три милиони свои жители со вакцините на Pfizer/BioNTech, што претставува речиси третина од населението.

На 19 декември Израел ја почна големата и брза кампања за вакцинација, по обезбедениот договор со Pfizer што овозможи таму да се испорачаат милиони дози од вакцината во замена за биомедицинските податоци за нејзиното влијание врз популацијата.

„Израел доби бројни барања за помош од земјите кои бараат вакцини“, се наведува во соопштението на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека Израел не е во можност да даде „значајна“ помош пред крајот на својата кампања на вакцинација. Но, се додава во соопштението „со ограничено количество неискористени вакцини собрани во последниот месец“, земјата одлучи да му помогне на медицинскиот персонал на палестинските власти и на неколку земји и да им испрати симболично количество вакцини“.

Во последните неколку недели Израел веќе испрати илјадници дози вакцини на окупираниот Западен Брег за палестинскиот медицински персонал.

Според Обединетите нации и невладините организации, Израел „како окупаторска сила“ е должен да обезбеди вакцини за 2,8 милиона Палестинци на окупираниот Западен Брег и за два милиона жители на Појасот Газа, кои живеат под израелска блокада.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе