Неизгасната цигара или електричен дефект можни причини за пожарот во Нотр Дам

Париз, 26 јуни 2019 (МИА) – Неизгасната цигара или дефекти во електричната инсталација се можни причини за пожарот во париската катедрала Нотр Дам, што се случи во април годинава, соопшти денеска Јавното обвинителство на Париз, отфрлајќи ја можноста за намерно подметнување на огнот.

„Француските истражни органи разгледуваа голем број хипотези, вклучително и неправилно функционирање на електричниот систем или оган предизвикан од неизгасната цигара“, се наведува во соопштението на Обвинителството, при што се додава дека засега се уште не утврдена точната причина за избувнувањето на пожарот.

Сепак, според Обвинителството, не се пронајдени докази што би потврдиле каква било теорија дека „потеклото на огнот е од криминална природа“.

Во соопштението се посочува дека во текот на истрагата за причините на пожарот биле сослушани околу 100 сведоци.

Обвинителството најави дека врз основа на досегашната истражна постапка, сега ќе бидат покренати повеќе детални истраги за причините за пожарот, посочувајќи дека веќе е почната предистражна постапка против непознато лица за „предизвикување штета од небрежност“.

Пожарот избувна во време кога во катедралата беа вршени градежно-реставраторски работи. По пожарот, портпаролот на фирмата „Ле Бра Фрере“, која учествуваше во градежните работи, призна дека нејзини работници „од време на време пушеле“ во црквата.

„Жалиме поради тоа. Но, во никој случај цигара не може да биде причина за пожарот во Нотр Дам“, изјави во април портпаролот на „Ле Бра Фрере“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе