Нејасен статусот на избраните адвокати и оние по службена должност во предметот „27 април“

Скопје, 17 октомвр 2018 (МИА) - Во моментов има нејасна „статус кво“ ситуција во која нема решенија за одземање на правото да ги бранат обвинетите, нуту пак да продолжат да ги бранат, истакна денеска адвокатот Еленко Миланов на пауза од рочиштето за настаните од „27 април' во Собранието на РМ. Тој вчера, заедно со останатите адвокати на обвинетите, беше казнет со по 1.000 евра.

-Судењето продолжи без судот да се произнесе во однос на вчерашните настани во судницата. Решенија немаме добиено, процесното решение со кое ни е одземено правото да бидеме бранители не е отповикано, така што искрено имаме „статус кво“ ситуација која не ми е јасна. Одредбата од член 361 став 3 од ЗКП е јасна дека доколку судот го одземе правото некој да биде бранител во постапката, го задолжува обвинетиот дали ќе обезбеди друг бранител или не. Овде судењето е продолжено со присуство на истите бранители, без никаква назнака и никакво признесување во тој дел. Самата одредба со тоа што обвинетиот се повикува да каже дали ќе назначи нов бранител, значи дека не може да биде одземено само за конкретна расправа или конкретен претрес, појасни Миланов.

Според адвокатот Петар Василевски однесувањето на судот кое го појасни неговиот колега Миланов, го сфаќа како одлука дека судот ги повлекува решенијата како ништо да не се случило. За него, за да се изрече решение за одземање на правото на одбрана да го застапува обвинетиот треба да има прекршување на редот и дисциплината во судницата и дека за такво нешто во случајот од вчера не може да стане збор.

-Ваквото однесување ќе го сфатам дека судот одлучил да го повлече решението односно ќе смета дека ништо такво не се ни случило. Едноставно адвокатите на обвинетите немаа можност да го пратат исказот на сведокот со оглед на тоа судот спротивно на Законот за кривична постапка не ни овозможува веднаш да го добиеме записникот, ниту, пак, по неколку судења, а камо ли на одреденото рочиште на кое овој заштитен сведок требаше да го даде исказот и без никаква информација или без да знаеме што тој рекол да го испрашуваме или да поставуваме вкрстени прашања. Имајќи го тоа предвид одбраната само бараше да се овозможат услови за работа, истакна Василевски.

Во однос на присуството на денешното судење на адвокатите по службена должност, според Василевски, е инспирација на судот за обвинетите да имаат одбрана доколку доколку не се појават тие.

-Во моментот кога избраната одбрана остана во судница, согласно законските одредби, не може да постои бранител по службена должност. Законот не дозволува бранител по службена должност и избран бранител, во оној момент кога избраниот бранител продолжува со судењето, престанува решението на адвокатот по службена должност, посочи Василесвки и додаде дека за бранителите по службена должност не е сигурен колку квалитетна одбрана можат да им дадат на обвинетите кои се со сериозно предвидени казни за сериозно кривично дело.

Во Кривичниот суд продолжи вкрстеното испрашување на загрозениот сведок С1 од страна на одбраната.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе