Нејмар два месеца во аут поради повредата на зглобот

Превиткувањето на зглобот од левата нога по еден лизгачки старт на противнички играч го прати Нејмар во агонија од болка, а се востанови дека ќе мора да паузира до два месеца.

Бразилскиот фудбалер мораше на носилки да го напушти теренот од стадионот „Жофроа-Гишар“ каде во неделата неговиот ПСЖ со 3:1 го совлада домашниот тим на Сент-Етјен. Повредата се случи во 84. минута, но се покажа кобна за Нејмар.

Противничкиот фудбалер Ивон Макон не стартуваше директно врз ногата на Нејмар, туку Бразилецот како последица од стартот лошо згазна виткајќи го левиот долен згоб под крајно непридоден агол.

„Медицинските прегледи потврдија дека Нејмар има истегнување на левиот зглоб со повреда и на лигаментите. Се очекува да биде надвор од теренот 6 до 8 недели. За 72 часа ќе излеземе со ново соопштение во кое ќе прецизираме што и како со опоравувањето“, извести клубот.

На социјалните мрежи се јави и самиот Нејмар изјавувајќи: „Нажалост вакви падови се дел од животот на еден спортист. Сега мора да се исправи главата и да се продолжи понатаму. Ќе се вратам подобар и посилен“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Најлошото сценариот е дека Нејмар би се вратил на почетокот од февруари, додека најоптимистичкото е дека би бил подготвен во втората недела од јануари. Првичните испитувања велат дека лигаментите не се оштетени, само истегнати, што е добра вест доколку се потврди дерка е навистина така.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе