Нејмар е машина за пари – фудбалер со 35 спонзорски договори

Бразилскиот напаѓач Нејмар синоќа доби уште една причина за радост, откако неговиот тим ПСЖ триумфираше во дуелот против Црвена Ѕвезда и обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој отсекогаш знаел како да го претвори неговиот талент и потенцијал, и тоа максимално го искористува откако се пресели во Париз.

Некој дури би рекол дека успесите на теренот не се ништо во споредба со успесите кои ги доживува банкарската сметка на Нејмар. Некогашниот играч на Сантос и Барселона поседува богатство од околу 170 милиони евра, а од ден на ден неговото богатство се зголемува.

Пред неколку дена Нејмар беше претставен како глобален амбасадор на Националната банка на Катар (QNB) и со тоа стигна до бројката од 35 спонзорски договори – повеќе од било кој друг фудбалер на светот. Покрај со QNB, тој има спонзорски договори и со Nike, Replay, Gaga Milano, Gilette, Red Bull и многу други.

Нејмар е буквално маркетиншки гениј. Тој стана најскапиот играч во светот кога пред само една и пол година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а оттогаш го привлекува вниманието на медиумите и големите компании со секој чекор што го прави.

„Тој е именуван за еден од стоте највлијателни луѓе во светот. Нејмар е вистинска спортска икона која ги инспирира навивачите ширум светот да се стремат кон достигнување на врвни стандарди и совршености“, изјави Јусеф Дарвиш, генералниот менаџер на QNB.

Бразилецот има преку 209 следачи на социјалните мрежи и во моментов има повеќе од 20 активни спонзорски договори кои постојано ги промовира во јавноста, додека претходно соработуваше со компании како Police, Panasonic, Volkswagen, Castrol, Mentos, Pokerstars.com, Santander и многу останати.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе