29.октомври 2019
Нејмар ги импресионираше фановите свирејќи на пијано
Бразилскиот фудбалер е познат по неговите фудбалски вештини, но тој има и други таленти. Нејмар учи да свири на пијано, а на социјалните мрежи сподели видео за обожавателите.
Тој ја отсвири песната „The Scientist“ од Колдплеј. Фудбалерот на ПСЖ доби бројни позитивни коментари за изведбата.
-->
Коментирај