Фудбал

Нејмар го советувал Кутињо да не оди во Барселона

29. август 2017 - 10:34 | Макфакс

Поранешниот напаѓач на Барселона Нејмар го советувал соиграчот од бразилската репрезентација Фелипе Кутињо да не оди во Барселона.

Нејмар пред три недели ја напушти Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра се пресели во ПСЖ.

„Нема да ти биде жал што Ливерпул те држи подалеку од нив“, наводно му рекол Нејмар на Кутињо.

Каталонците досега испратија три понуди (последната 150 милиони евра) до Ливерпул за Кутињо, но раководството и сосптвениците на клубот од „Енфилд“ ги отфрли понудите со порака дека Кутињо не е на продажба.

Коментирај