ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Нејмар и Мбапе ќе играат против Лајпциг

Шефот на стручниот штаб на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, изјави дека напаѓачот Нејмар закрепнал од повредата и од старт ќе игра на натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампиони против Лајпциг.

„Нејмар се опорави, тој е подготвен и ќе биде во почетната постава за нашиот натпревар со Лајпциг во вторник“, информира Тухел.

Претходно беше соопштено дека 28-годишниот Бразилец се вратил на тренинг по повредата на мускул на левата нога.

Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра седум натпревари за парискиот тим, постигна два гола и четири асистенции.

URL

Тухел потврди дека и Килијан Мбапе ќе се врати во првата постава.

„Килијан има многу позитивен ментален склоп. Имаше добра комуникација меѓу нас и француската репрезентација и знаеме точно што правеле со него на тренинзите. Во средата тренираше со нас, убеден сум дека може да игра. Ќе треба да одлучиме колку минути ќе игра, но тој се чувствува способно“, рече Тухел и додаде дека со Нејмар ситуацијата е малку поразлична бидејќи тој не играше за Бразил.

„Почна да тренира во средата, но не го одработи цел тренинг. Учествуваше во првиот дел, па ќе зголемуваме постепено. Убеден сум дека ќе може да одигра одредена минутажа, но ќе почекаме да видиме како ќе се одвиваат тренинзите.“

Натпреварот ПСЖ – Лајпциг ќе се одржи во вторник на 24 ноември со почеток во 21 часот.

реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Лични податоци на 500 милиони корисници на LinkedIn завршија на dark web

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Фудбал

Реал ја победи Барселона и се искачи на врвот во Ла Лига

Read more

Алиоски асистент во триумфот на Лидс на гостувањето кај Сити

Read more

Рамос го пропушта вечерашното Ел Класико

Read more

Куман за дербито со Реал: Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Реал ја победи Барселона и се искачи на врвот во Ла Лига

Читај повеќе

Алиоски асистент во триумфот на Лидс на гостувањето кај Сити

Читај повеќе

Рамос го пропушта вечерашното Ел Класико

Читај повеќе

Куман за дербито со Реал: Потребен ни е најдобриот Меси и најдобрата Барса

Читај повеќе

Тејтум стана најмладиот играч на Бостон кој постигнал над 50 поени на еден натпревар

Читај повеќе
  • play_arrow

Леваци vs. деснаци во фудбалот: Кои се подобри?

Читај повеќе

Падна одлука: ЕУРО ќе се игра пред навивачи

Читај повеќе

Пеце Суперхикс: Никој не е избришан од химната за ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Кој е нудистот што трчаше на теренот во Гранада?

Читај повеќе