Нејмар ја отпиша Барсa: Ги доживувам моите најдобри моменти во ПСЖ

Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар, зборуваше за неговиот успех со францускиот шампион.

Бразилецот смета дека е во најдобра форма од неговото пристигнување во ПСЖ од Барселона за рекордната сума од 222 милиони евра во 2017 година.

На овој начин, Нејмар ги запечатува гласините дека сака да се врати во Барса.

Во своите три сезони во Пари Сен Жермен, Нејмар постигна 74 гола на 85 натпревари во сите натпреварувања. Несомнено, Бразилецот придонесува многу за успехот на парижаните, но она што навистина се бара е триумф во Лигата на шампионите.

– Научив многу во последните 3 години, имав одлични искуства, а некои не толку многу затоа што бев повреден. Со помош на моите соиграчи, успеав да ги надминам, како и да се фокусирам на она што навистина е важно – да го претвориме нашиот настап на теренот во титули. Верувам дека денес ги доживувам моите најдобри моменти во Париз. Создадовме семејство заради одличната цел што ја имаме пред нас. Сакаме да ја одбележиме оваа сезона со ЛШ. Ќе се бориме за тоа затоа што никогаш не сме биле толку блиску, заклучи Бразилецот.

URL

Во последните 2 сезони, ПСЖ никогаш не успеа да го мине осминафиналето на најпрестижниот европски турнир. Еднаш загубија од Реал Мадрид, а еднаш од Манчестер Јунајтед. Сепак, Нејмар не успеа да учествува во реваншот против Реал Мадрид, како и во двата меча со Манчестер Јунајтед.

ПСЖ има одлична можност да стигне до полуфиналето оваа сезона, откако ќе спорат за своето место таму со Аталанта. Сепак, италијанскиот клуб е во одлична форма, а со оглед дека победникот ќе биде решен во еден натпревар, не место за потценување.

Оваа сезона, Нејмар има постигнато 13 голови во Лига 1 и 19 во сите натпреварувања носејќи го дресот на ПСЖ.

Тагови
реклама

Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври

Read more

Филипче: Разговараме сите во регионот да ги отвориме границите со исти правила за ПЦР тестовите

Read more

Возевме: Спуст по новата велопатека на Водно

Read more

Швајцарија на референдум гласа за слободното движење со ЕУ

Read more

Фудбал

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Read more

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Read more

Голманот на Пандев позитивен на корона

Read more

Ромеро сака кариерата да ја продолжи во Евертон

Read more

Спорт

Конте: Очајни бевме во одбрана, не може така

Читај повеќе
  • filter

Заврши „Европската фудбалска недела“ на Специјална олимпијада Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас со златен гол ја врати надежта

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс е шампион на Западот и обезбеди финале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Интер со фуриозен финиш во голеада ја победи Фиорентина

Читај повеќе

Вардар и Пелистер ги дознаа противниците во СЕХА лигата

Читај повеќе

Голманот на Пандев позитивен на корона

Читај повеќе

Вердаско отпадна од Ролан Гарос, позитивен е на COVID-19

Читај повеќе
  • play_arrow

Тампа дојде на чекор до титулата во НХЛ

Читај повеќе