Најскапиот фудбалер во светот и играч на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, одби да се поздрави со младиот играч на Селтик Ентони Ралстон, по победата на Парижаните со резултат од 5:0 во првото коло од групната фаза на Лига на шампиони.
Ралстон имаше тешка задача на натпреварот: да го чува славниот Нејмар.
Младиот десен бек имаше чести дуели со Нејмар и мораше да се носи со неговите фантастични дриблинзи и неговата брзина.
Во првите 20 минути Ралстон направи два прекршоци врз Нејмар поради кои доби предупредување од италијанскиот судија Даниеле Орсата.
Нејмар беше нервозен поради стартовите на Ралстон и тоа го покажа во неколку наврати во текот на натпреварот.
Иако за време на натпреварот не покажа знаци на извинување, на крајот на мечот, Ралстон му пријде на Нејмар за да му пружи рака, но Бразилецот беше премногу лут и прво го игнорираше, а потоа и го одби и нешто му искоментира, пред да интервенира Марко Верати кој навремено го прекина дуелот.
Осумнаесетгодишниот играч на Селтик подоцна рече дека не му се плашел на Нејмар и дека не го погодило тоа што одбил да се поздрави со него.
„Секој е различен, нема да останам без сон заради ова. Не беше ништо страшно. Нема да е секирам за тоа. Не им се плашам на таквите како Нејмар. Знаев дека треба да играм како што играм секогаш“, рече Ралстон.
„Се подготвував да се соочам со него како што се подготвувам за секој натпревар. Истата рутина. Не го ставам на пиедестал.“