Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар заработи уште една повреда, иако пред две недели се врати на фудбалот по паузата од повреда која траеше повеќе од една година.
Во натпреварот од азиската Лига на шампиони, Ал Хилал на домашен терен го победи Естеглал со 3:0, а Нејмар во игра влезе во 58. минута. Тој не го виде крајот на натпреварот, но беше заменет во 86. минута поради повреда на десниот бутен мускул.
„Почувствував грч и болка. Ми прават тестови и се надевам на најдоброто“, изјави Нејмар, кој претходно паузираше повеќе од една година од фудбалот поради повреда на вкрстените лигаменти на 17 октомври 2023 година. Потоа се повреди на квалификацискиот натпревар за одење на Светското првенство меѓу Бразил и Уругвај.
Пред повредата на менискусот, Нејмар одигра само пет натпревари за својот нов клуб Ал Хилал од Саудиска Арабија, каде дојде од Париз Ст. Жермен.
„Долго сум отсутен од терените, па не сум изненаден од проблеми со мускулите како овој. На ова ме предупредија лекарите пред да се вратам. Морам да бидам внимателен и трпелив, да собирам минути и да избегнам какви било сериозни повреди“, додаде 32-годишниот бразилски фудбалер кој во кариерата одигра 128 натпревари за националниот тим со дури 79 гола.
Во својата клупска кариера играше за Сантос, Барселона, ПСЖ и Ал Хилал, чиј дрес моментално го носи.
Neymar injured again? Football is so cruel 💔 pic.twitter.com/vO8cQQKY21
— Jacky (@MCFC_Jacky) November 4, 2024