Повредениот Нејмар од трибините гледаше како неговите соиграчи од ПСЖ сензационално отпаѓаат од Лигата на Шампионите по 1:3 во реваншот со Манчестер Јунајтед.
Непосредно по завршувањето на дуелот, Бразилецот ги искористи социјалните мрежи за да покаже колку е гневен.
Тој се насочи кон судиите, кои по разгледувањето на ВАР досудија пенал за игра со лакт на Кимпембе по удар на Далот.
Според Нејмар сепак одлуката е срамна.
– Срамота. Поставени се четири лица кои не се разбираат од фудбал, да гледаат на забавена снимка пред телевизорот. Нема ништо. Каде требаше да ги стави рацете?, напиша Нејмар.