Фудбал

Нејмар се очекува многу брзо да се врати на теренот

14. март 2019 - 17:30 | МИА

Ѕвездата на ПСЖ Нејмар може да се врати на теренот порано отколку што се очекуваше откако беа обелоденети резултатите од здравствените проверки на Бразилецот.

Рехабилитацијата на напаѓачот се одвива одлично и заздравувањето е забрзано.

Нејмар се лекува по здобиениот удар во десната нога.

– Се очекува 27-годишниот фудбалер да се врати во игра за кратко време, нагласуваат од таборот на ПСЖ.

Засега, потребна е дозвола од лекарите во ПСЖ да може Бразилецот да почне со тренинзи со тимот.

Коментирај