Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона, Нејмар, се степал со новиот соиграч Нелсон Семедо, а потоа револтирано го напуштил теренот.
Нејмар е во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако ПСЖ реши да ја плати неговата откупна клаузула од 195 милиони фунти (222 милиони евра) и годишна нето плата од 30 милиони евра.
Шпекулациите од Шпанија говорат дека Нејмар ќе ја напушти Барселона откако екипата ќе се врати од американската турнеја.
Последните настани само и дадоа потпора на оваа шпекулација, бидејќи Бразилецот предизвикал инцидент на тренингот во Мајами.