Нејмар се врати во Париз, разговараше со Леонардо и тренираше сам

Според весникот Marca, веднаш по неговото враќање во Париз, Нејмар разговарал со директорот на ПСЖ Леонардо за сапунската серија што се случува во последно време, иако од неговиот табор тврдат дека состанокот бил договорен од претходно.

Состанокот на Нејмар и Леонардо бил релативно краток и веднаш потоа Бразилецот отишол да тренира сам во кампот на ПСЖ.

Меѓутоа, неговата иднина уште не е репена, ниту пак има некаков напредок во развојот на настаните.

ПСЖ нема добиено ниту една понуда за 27-годишниот фудбалер кој го плати рекордни 222 милиони евра, а многумина се сомневаат дека Барселона може да одговори на барањата на францускиот клуб. Нејмар наводно е убеден дека Барса ќе го спаси, особено откако во неодамнешно интервју рече дека најубавиот момент во кариерата му била победата со Барселона над ПСЖ.

Од друга страна, челниците на ПСЖ се сигурни дека не се во позиција да бидат понижувани ни од Нејмар, ни од Барселона, па немаат намера да го продадат својот фудбалер ако не добијат поволна понуда.

Бразилецот е свесен за моќта на ПСЖ и се надева дека клубот ќе ги намали своите барања или дека Барса некако ќе успее да собере средства за да го врати на Камп Ноу.

Методот на ПСЖ за казнување на играчите е одбивање на бонусите, па Нејмар може да изгуби 375.000 евра за лошо однесување.

Нејмар нема проблем само со ПСЖ, туку и уште смета дека го заслужува бонусот од 43,5 милиони евра што беше вклучен во неговото продолжување на договорот со Барселона во 2016 година. Му беа исплатени 20 милиони кога договорот беше потпишан, а втората рата требаше да ја добие до 31 јули, 2017 година. Тие пари никогаш не ги доби бидејќи Каталонците беа убедени дека ќе замине во ПСЖ, што и се случи два дена подоцна.

Од Барса тврдат дека и првите 20 милиони треба да бидат вратени бидејќи важеле само ако Бразилецот го испочитувал договорот до крај, односно до јуни, 2022 година.

Згора на сѐ, шпанската даночна служба бара 35 милиони евра од Нејмар поради неправилности во неговите финансии за време на четирите години поминати во Барселона. Исто така, Бразилецот се соочува со обвинение за силување што е во фаза на истрага.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Read more

Крај на сезоната за Де Јонг

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Читај повеќе

Пактот од 1981: Како навивачите на Интер и Милан склучиле примирје?

Читај повеќе