Нејмар: Во ПСЖ дојдов поради предизвикот, не поради парите

Трансфер-сагата, чиј епилог е најголемиот договор во историјата на фудбалот, официјално заврши вчера кога ПСЖ како ново засилување го претстави Бразилецот Нејмар. Клубот од Париз за услугите на Нејмар на Барселона ѝ плати 222 милиона евра.

„Среќен сум. Благодарен сум што имам нов предизвик, среќен сум што дојдов во Париз, во ПСЖ, голем клуб и одличен град. Овде дојдов бидејќи имаме слични амбиции. Сакам голем предизвик. Моето срце избра, јас само го следев. Поради тоа сум тука. Сакам да му помогнам на клубот да освојува трофеи“, рече Бразилецот.

„Во ПСЖ дојдов поради предизвикот, не поради парите. Не избегав од Барселона, таму добро се вклопив. Не барам да добијам статус на ѕвезда. ПСЖ заслужува да освојува трофеи, а јас со овој клуб ќе освојам нови титули, во Барселона освоив сè што можеше да се освои“, дополнил Нејмар.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на прес-конференцијата не го криеше задоволството што клубот успеа да го ангажира Бразилецот.

„Нејмар е идол на фудбалските фанови ширум светот. За мене тој е најдобриот во светот. Веќе ни донесе многу позитивни работи. Нашите навивачи сонуваа дека тој ќе дојде овде, сега сонот стана стварност. Нејмар потпиша за нас за да освојуваме трофеи и да испишуваме нови страници во историјата. Ти благодарам Нејмар. Добредојде во својот нов дом“, рекол Ал-Келаифи.

Нејмар  потпиша петгодишен договор со ПСЖ до јуни, 2022 година, а годишно ќе заработува 45 милиони евра.

Во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 10. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Read more

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more
 

Спорт

Калафјори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми

Читај повеќе

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе