Бразилскиот фудбалер Нејмар, кој моментално настапува за саудискиот Ал Хилал, си купил пентхаус во Дубаи, а за тој луксуз издвоил 50 милиони евра.
Луксузниот имот е дел од престижниот проект Residences by Binghatti во соработка со легендарниот производител на автомобили Bugatti.
Пентхаусот има приватен лифт, автолифт за неговите луксузни возила, приватен базен и панорамски поглед на Дубаи. Становите кои се во изградба се движат од 246.000 евра до над 50 милиони евра.
Нејмар моментално се опоравува од повредата на лигаментите на коленото, но присуствуваше на официјалната церемонија за потпишување на доиговорот заедно со неговиот татко и девојка му Бруна Бјанкарди.
Имотот ќе биде завршен во 2027 година.
Инаку, Бразилецот би можел да ја напушти Саудиска Арабија и да им се приклучи на поранешните соиграчи од Барселона, Жорди Алба, Серхио Бускетс, Луис Суарес и Лионел Меси во Интер Мајами.