Неколку причини зошто да изберете интегрални тестенини наместо обични

Тестенините како прехранбен производ често се на листата на намирници кои треба да се избегнуваат доколку човек сака да ослабне или поздраво да се храни. Без разлика на бројните причини за избегнување на оваа популарна храна, многу често се наоѓа на трпезата во речиси секој дом.

За да се храните поздраво, не мора нужно да ги избегнувате тестенините. За почеток, важно е да ја консумирате препорачаната количина, што е околу 70 грама сурови тестенини по порција.

Меѓутоа, ако сакате поздрава опција, изберете тестенини од цели зрна наместо бели тестенини. Ако ги погледнеме калориите помеѓу овие два вида тестенини, ќе видиме дека тие се многу слични.

Белите тестенини на 100 грама производ содржат околу 370 калории, 75 јаглени хидрати, 13 протеини и околу 2 грама масти. Интегралните тестенини на 100 грама производ содржат околу 350 калории, исто така 75 грама јаглени хидрати и 13 грама протеини и 2 грама масти.

Сепак, бројките не се секогаш мерило за здрава исхрана. Постојат неколку причини зошто интегралните тестенини се подобар избор од обичните, бели тестенини.

Интегралните тестенини се направени од цели зрна, па затоа содржат до двојно повеќе влакна, што промовира подобро варење во телото. Содржи и повеќе железо, што е добро за вашата крвна слика.

Исто така, имаат многу повеќе магнезиум и фосфат, кои влијаат на здравјето на забите и коските, а нискиот гликемиски индекс значи дека нивото на шеќер нема да ви се зголеми како обичните тестенини.

И на крај, интегралните тестенини и генерално производите од интегрално брашно даваат подолго чувство на ситост и енергија. На овој начин ќе јадете помалку тестенини, но и ќе избегнете глад во подоцнежните часови, па затоа интегралните тестенини се добар избор доколку сакате да ги избегнувате грицките.

реклама

Живот

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Read more

3 најпресметливи хороскопски знаци: Калкулираат за сѐ и имаат скриени намери

Read more

Кога родителите треба да престанат да се бањаат со децата?

Read more
 

Магазин

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе

Зошто мажот не се одлучува на брак, иако е заљубен?

Читај повеќе

Секое лето различен цвет: Трик за хортензиите магично да менуваат боја

Читај повеќе