Живот

Неколку причини зошто да користите оцет при перењето

22. август 2019 - 9:23 | M.С.

Оцетот помага белите алишта да изгледаат блескаво и чисто, ги елиминира непријатните мириси и ја омекнува облеката. 

Еве неколку причини зошто треба да користите оцет:

Ја избелува облеката

Оцетната киселина е доволно блага за да не ја оштети облеката, а истовремено доволно силна за да го исчисти остатокот од детергент. Исто така, помага за да ги исчистите флеките.

Ги отстранува флеките од пот и дезодоранс

Наполнете оцет и напрскајте под пазувите. Оставете да постои барем десетина минути пред да ја исперете облеката.

Се задржува бојата на црните алишта

Додајте половина шолја оцет во машината за перење и ќе ги отстрани остатоците од детергент кои ја избелуваат црната облека.

Ја чисти машината

Четири пати годишно чистете ја машината за перење така што ќе ја вклучите празна без алишта, со две шолји оцет. Ќе ви помогне да ги исчистите непотребните остатоци од детергенти и омекнувачи.

Коментирај