Неколку причини зошто треба почесто да јадете печурки

Печурките се многу корисни за човековото тело, бидејќи дејствуваат делотворно на здравјето поради нивната хранлива вредност.

Печурките се богати со витамин Д, кој е исклучително корисен. Недостатокот на овој витамин е поврзан со замор, нарушено здравје на коските, намалена функција на имунолошкиот систем и зголемена подложност на хронични болести, вклучително и одредени видови рак.

Поради нивните лековити својства, печурките се користат во медицината повеќе од 2.000 години. Тие содржат соединенија коишто предизвикуваат имунолошки одговор на повеќе нивоа – слично како „група војници кои водат неколку битки истовремено во седум војни“. 

Печурките се познати и по својот широк спектар биоактивни состојки, пред сè по бета-глуканите кои го зајакнуваат имунитетот, појаснува нутриционистката Никол Стефанов.

Истражување објавено во стручното списание Food Science & Nutrition покажа дека со редовно консумирање печурки внесувате доволно количество микронутриенти во телото без зголемување на нивото калории, масти и натриум. 

Печурките се богати со селен – хранлива материја којашто има антиоксидантни својства што помагаат при намалување секаков вид воспаление. А, добро делуваат и на работата на цревата, односно на системот за варење.

Многу студии покажаа дека печурките дејствуваат како пробиотици. Не само што го подобруваат варењето, туку можат да бидат корисни и за луѓето со дијабетес. Имено, печурките имаат способност да менуваат одредени цревни бактерии и на тој начин ослободуваат инсулин од бета-клетката на панкреасот, додаде таа.

Занимливо, луѓето кои јадат печурки имаат и помала веројатност да страдаат од депресија. Истражувачите го припишуваат ова на многуте биоактивни соединенија во печурките, вклучително и витаминот Б 12 и антиоксидансите.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе