Неколку совети како да се здебелите на природен начин

Постојано пишуваме и читаме за диети и за тоа како да се ослободиме од вишокот килограми, но забораваме дека некои луѓе имаат проблем и со премалата телесна тежина и здебелувањето.

Како да се здебелите на природен начин, без таблети и суплементи?

Од Клиниката Кливленд (Cleveland Clinic) напоменуваат дека здравствените работници им препорачуваат на луѓето коишто согоруваат калории многу брзо - да јадат висококалорична храна која содржи многу протеини.

Исто така препорачуваат и редовни контроли бидејќи неухранетоста може да биде предизвикана од рак, дијабетес тип 2, хипертиреоза, стрес, депресија, анксиозност...

Зголемувањето на телесната маса се препорачува и за луѓето кои ослабеле додека престојувале во болница, како и на спортистите.

За луѓето чијшто индекс на телесна маса изнесува помалку од 18,5 се смета дека се многу слаби. Индексот може да се пресмета со BMI калкулатор.

Се претпоставува дека дури 2 проценти од популацијата имаат недостаток на килограми.

Основниот совет е да јадете повеќе бидејќи имате брз метаболизам. Треба да јадете почесто - 5-6 пати дневно и тоа намирници кои содржат растителни масти и протеини.

Тоа не значи дека треба да јадете брза храна, чипс, слатка храна и да пиете газирани пијалаци. Наместо тоа, треба да го зголемите внесот на црвено месо, пилешко месо, лосос, млеко, јајца, сирење и јогурт. Потребно е да јадете компири, ориз, житарки, како и да внесете јаткасти плодови, маслинки, авокадо, путер и сирење во вашата исхрана.

Екстра совети:

Јадете помали оброци на секои 3-5 часа

Не пијте вода половина час пред оброкот

Во текот на оброкот пијте помалку вода

Пијте млеко со поголем процент на масленост

Пијте природни сокови

Додавајте зачини во храната

Јадете сушено овошје и користете кокосово масло

Јадете сендвичи со хумус и авокадо.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе