Неколку знаци дека сте зависни од кофеин

Сите знате дека кофеинот најмногу се содржи во кафето, но ќе се изненадите од фактот дека оваа супстанца се наоѓа и во други видови пијалоци, намирници и лекови, зрната од какао, чајот. 

Ова се неколку знаци дека сте зависни од кофеин.

Летаргичност

Првиот знак дека сте зависни од кофеин е летаргичноста која ја чувствувате пред да го испиете утринското кафе. Се „влечкате“ до работа, ги откажувате плановите затоа што се чувствувате уморно и немате мотивација да учествувате во секојдневните активности.

Ако ви недостасува енергија, можеби сте зависни од кофеин.

За многумина, откажувањето од кофеин може да значи губиток на енергија која вообичаено ја добивате при консумација на кафе.

Кофеин и депресија

Според научниците од клиниката Мејо, постои врска помеѓу зависноста од кофеин и депресија. Претераниот внес на кофеин го нарушува сонот, а тоа влијае негативно на расположението.

Луѓето кои страдаат од анксиозност, не треба да консумираат кофеин затоа што тоа може додатно да ја влоши психолошката состојба.

Проблеми со мускулите

Познато ви е чувството кога имате грип, па не можете да станете од креветот. 

Доколку престанете да консумирате кофеин, можат да се појават слични болки во мускулите кои можат да ви причинуваат тешкотии и при секојдневните активности.

Главоболка

Доколку престанете да пиете кафе, главоболката ќе биде една од најтешките работи со кои ќе се соочите.

Инаку, лековите кои ја ублажуваат главоболката најчесто содржат кофеин.

Влијае на расположението

Кофеинот може да влијае на вашето расположение. Ако сте зависни од кофеин, ќе забележите дека со тек на време ја зголемувате количината. Кога вашето тело ќе се навикне на кофеин, телото сè повеќе бара да ја зголемувате количината.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе