Нема излекуван пациент на респираторна машина, досега 1.326 потврдени заразени со COVID-19

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Во два месеца – од 26 февруари кога беше дијагностициран првиот позитивен на COVID-19 во земјава, вирусот заклучно со вчера е потврден кај 1.326 пациенти. Во овој број се и новите 26 случаи од кои речиси половината (11) се од Скопје. Во извештајот од вчера за претходните 24 часа се евидентирани и 36 оздравени пациенти – двајца од болница и 34 кои се лекувале во домашни услови.

Инфицирани со коронавирусот досега има во 26 градови – најмногу во Скопје (451), а потоа во Куманово (355).  Смртни случаи има 57, меѓу кои и последниот – 80-годишен пациент од Скопје кој на Инфективната клиника во Скопје бил хоспитализиран на 21 април. Досега во земјава се направени вкупно 14.057 тестирања за COVID-19.

Вчера пристигнаа првите 12 респиратори и друга лична опрема (5.000 специјални заштитни маски за здравствените работници) донирани од Европската Унија, наменети за Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември’. Донацијата е дел од проектираната помош на ЕУ од четири милиони евра за итни медицински потреби за земјава.

Респираторите се произведени во Јужна Кореја и имаат високи перформанси со инвазивна и неинвазивна вентилација и се клучни за пациентите во најтешка состојба кои се лекуваат на интензивна нега. Помошта за Министерството за здравство ја предаде евроамбасадорот Самуел Жбогар кој истакна дека ова е прв пакет од поддршката што Брисел ја најави пред неколку недели.

Набавката на приоритетна медицинска опрема и материјали ја спроведува Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС) и е најавено дека таа ќе испорача уште осум респиратори односно вкупно 20 според договорот од 3 април.

Во врска со резултатите за пациентите што досега се ставени на респираторна машина, министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција на новинарско прашање одговори дека досега нема излекуван пациент и пуштен на домашно лекување, но дека се планира промена на начинот на лекување.

-Нема излекуван пациент на респираторна машина, има повеќе пациенти кои подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење  трахеостома и трахеотомија на некој којшто веќе покажува знаци дека може да закрепне, рече Филипче.

Соопшти дека е изготвен протоколот за лекување со крвна плазма, но засега кај ниту еден пациент не е препорачан овој вид лекување. Во однос на лекување со алтернативна медицина, на пример со хомеопатски лекови, пак, Филипче нагласи дека практиката  кај нас се темели на медицина базирана на докази.

– Во однос на  алтернативните методи ние во нив, прво, немаме искуство и, второ, мора да бидеме внимателни. Сега се публикува сè и сешто и не сме сигурни дека тоа што се публикува е навистина така, рече министерот.

Филипче оцени дека е  успешна стратегијата за справување со коронавирусот во државава и дека, како и експертите епидемиолози, смета дека се добри и точни проекциите за развојот на болеста и епидемиолошката крива и тоа што порастот на новозаболени е линеарен.

Задолжителната мерка за носење заштитна маска, рече, се должи на фактот што сега има голем број асимптоматски носители на вирусот и прекривањето на устата и носот значајно ќе придонесе да се намали ширењето на заразата. Министерот забележа дека оваа мерка не се почитува во целост и  има впечаток, рече, дека правилата се прекршуваат.

За заштитните ракавици посочи дека не се неопходни да се носат  доколку внимателно, често и по 20-ина секунди се мијат рацете. Притоа нагласи дека со ракавиците може и да се пренесе вирусот ако се носат невнимателно или со нив се допира заштитната маска.

Во Дебар, каде што имаше жариште на почетокот на епидемијата и беше кризно подрачје, почнува скрининг на имунитетот на населението. Во овој град ситуацијата сега е стабилна – веќе деветти ден нема новодијагностицирани и бројот на заразени останува 51 од кои три се активни.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе