Фудбал

Нема крај за проблемите во Јунајтед: Мурињо повторно бесен на Погба

25. септември 2018 - 15:47 | М.Д.

Французинот бара трансфер, или се обидува да го испровоцира Португалецот. Мурињо со право беше лут во соблекувалната, а Погба веднаш излезе во јавноста. На проблемите помеѓу Погба и Мурињо во Јунајтед и понатаму им нема крај.

Пол Погба дефинитивно има сериозни проблеми со Мурињо. Новиот конфликт изби после мечот против Вулверхемптон.

Португалецот жестоко го критикуваше Французинот, кој непотребно ја загуби топката на средината од Рубен Невеш, што резултираше со изедначување на гостите.

И додека Мурињо беснееше, Погба не остана должен во јавноста, доведувајќи ја во прашање неговата тактика. Факт е дека Јунајтед се повлече, па Погба се запраша зошто не продолжија да вршат притисок над противникот и во второто полувреме.

Пораката е очигледна, медиумите во Англија сметаат дека Погба само се обидува да го натера Јунајтед да го продаде. Тој ова лето, што не е ниту тајна, сакаше да си замине од клубот, меѓутоа неговиот агент Рајола доби предупредување да не се обидува да го продаде, бидејќи клубот тоа не го сака.

Сепак, се чини дека работата е само одложена, бидејќи Погба и понатаму сака да се врати во Јувентус, иако и Барселона е опција. Во Торино не кријат дека би направиле се за да го вратат поранешниот фудбалер, иако е прилично неизвесно дали ќе го убедат Јунајтед да го продаде.

Манчестер Јунајтед вечерва игра против Дерби Каунти во Лига купот, Мурињо ќе изведе силен тим, иако ќе брани Ромеро, а во тимот се враќа Матиќ, десно би требало да игра Далот, Смолинг и Бејли како стопери, а одмор нема ниту за Погба.

Во нападот ќе одмори очајниот Санчез, а покрај Лукаку во нападот ќе се најдат и Мата и Марсијал.

Коментирај