Нема најава за носење на законите поврзани со антикризните мерки

Во Собранието сè уште нема најава за одржување на пленарна седница, а владејачките партии и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за одолговлекувањето на носењето на антикризните мерки за COVID-19. За денеска во Собранието нема закажано ниту една активност, а утре претседателот на Собранието има редовен месечен брифинг со новинарите, ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања, а најавен е и виртуелно 18. Состанок на мешовитиот комитет Северна Македонија -ЕУ.

И покрај декларативните изјави дека мерките треба да се донесат и да се продолжи кризната состојба, ниту една од партиите не отстапи од својот став. Претседателот на Собранието Талат Џафери на неопределено ја одложи 36. седница на која на дневен ред се законите за мерките за COVID-19, но и продолжувањето на кризната состојба и интерпелациите поднесени од опозицијата, а Владата ги повика пратениците кои ја блокираат работата на Собранието да се повлечат од „тој деструктивен начин на дејствување“.

Владејачката СДСМ ги обвини сите опозициски партии во Собранието дека прават се за да се блокираат процесите важни за граѓаните и за иднината на државата.

Пратеникот од СДСМ Коста Костадинов на прес-конференција кажа дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет.

Како што рече, срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој да дојде во Собранието, да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата. За Костадинов, опозицијата воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните и нивните колеги пратеници.

-Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работат работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, рече пратеникот Костадинов.

Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата обвини тој, кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите, како законот за административни службеници, за високо образование, за внатрешни работи, за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје…

-Во услови кога државата, целото општество се уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба. Кризна состојба на целата или на дел од територијата се прогласува уште од 2015 со мигрантската криза и досега никогаш не била оспорена или проблематизирана, рече Костадинов.

Како парламентарно мнозинство, потенцира тој, ќе ги искористиме сите деловнички и законски можности, сите закони во интерес на граѓаните да бидат донесени и реформите да продолжат.

Владејачките партии СДСМ, ДУИ и Беса имаат мнозинство од 62 пратеници. Двајца пратеници од мнозинството не можат да учествуваат во работата на Собранието поради COVID-19. Собранието нема кворум и не може да носи закони без поддршка на опозицијата. Кризата во Парламентот настана откако парламентарните партии не успеаја да се договорат за 36. cедница. ВМРО-ДПМНЕ бараше посебна седница за законите поврзани со COVID-19 и кризната состојба додека власта од пратениците бараше тоа да биде на закажаната 36. Седница и да се изгласа дневниот ред на седницата за да се работи и по други точки.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека проблемот со мнозинството во Собранието може да се реши само со избори.

Портпаролот на партијата Димче Арсовски вчера на прес-конференција изјави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја кочат работата на Собранието, напротив тие се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните.

Според него, доколку власта сакаше односно СДСМ да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев, бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат.

-Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и самите ним не им одговара да биде изгласан петтиот сет мерки затоа што немаат пари во Буџетот, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Алијанса на Албанците и Алтернатива блокираат околу 20 закони со над 32.000 амандмани, а меѓу нив е и одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и сверната граница.

Координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи вчера го повика претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница и да распише избори.

-Многу е битно кој прв почна. Го повикувам претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже седница и да распише пред парламентарните избори. Не сме виновни за блокадата, виновни се СДСМ и ДУИ, рече Реџепи потенцирајќи исто така дека тие не отстапуваат од законот за државјанство и бараат да се усогласи со законот на Владата. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе