Избори 2016

Нема официјална симулација на пратенички мaндати од ДИК

12. декември 2016 - 10:27 | Макфакс

По завршените предвремени парламентарни избори во Македонија, Државната изборна комисија, се уште не излегла со симулација на пратенички места, со оглед на тесната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК утрово на прес-конференција ги соопшти прелиминарните резултати од гласањето за предвремените парламентарни избори по обработени 99,34 отсто од гласовите.

Утрово, според последната промена на податоците на веб страната на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоиле 452.709 гласови, СДСМ и Коалицијата 436.469, ДУИ 86.812, Движење БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 и ДПА 31.017 гласови.

ДИК соопшти дека во текот на денешниов ден ДИК ќе излезе со првичните резултати од гласањето на предвремените парламентарни избори и дека тогаш комисијата ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес.

Комисијата соопшти и дека до три часот изутрината, немало пристигнато никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.

Коментирај