Нема ограничувања за влез и излез на македонски државјани во Албанија

Македонската амбасада во Тирана преку објава на Facebook информира дека нема ограничувања за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани кои патуваат во Република Албанија или имаат намера да го користат аеродромот во Тирана.

-Албанија нема ограничување за влез, излез, транзит или престој за македонските државјани на нејзина територија. Единствено ограничување во Република Албанија е забраната за движење од 20:00 до 06:00 часот. Движењето во овој временски период е со претходно одобрение, стои во објавата на Амбасадата.

Дополнително, се даваат иструкции за оние кои го користат меѓународниот аеродром во Тирана.

-Државјаните на Република Северна Македонија кои го користат Меѓународниот аеродром во Тирана за патување во трета земја, треба претходно да ги исполнат условите за влез во истата. Иако Албанија не бара негативен ковид тест, карантин и слично, доколку крајната дестинација има одредени рестрикции, албанските органи бараат истите да се исполнуваат, во спротивно полетувањето нема да биде дозволено, се посочува во објавата, која е објавена на македонски и на албански јазик.

Facebook страницата на македонската амбасада во Тирана (https://www.facebook.com/MKembassyALB/ профункционира деновиве, а тоа лично го објави амбасадорот Дaнчо Марковски.

-Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Facebook страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа. Страницата ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот, напиша амбасадорот Марковски во објава на македонски, албански и англиски јазик. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе