Нема опасност од линданот, пожарот во „ОХИС“ локализиран

Не постои опасност за жителите на општината Кисела Вода, ниту за Градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран. Најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката, изјави попладнево градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.

Според Темелковски кој беше на опожарената локација, линданот е на безбедно место.

-Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.

Ѕвонко Томевски, заменик-командир на Противпожарната бригада која со четири возила се вклучи во гасењето на пожарот во „ОХИС“, изјави дека сега се работи на догасување. Тој не можеше да прецизира од што избувнал пожарот. Во кругот на фабриката виделе само дека гори на три независни места.

-Испратени беа првично две возила кои почнаа со гасење, додека стигна останатата помош ни требаше малку време за да го сузбиеме целиот тој пожар. За жал, имаме колега кој вдишал малку повеќе чад, се надевам дека ќе биде добро, немаме информација. Пожарот мора да се догаси, да се расчисти теренот, па потоа да се види какво оштетување има на лице место, рече Томевски.

Противпожарната бригада за само 2,5 часа денеска во Скопје имала 24 – 25 интервенции.

-Имавме тежок, исклучително тежок ден. Веќе престанавме да ги броиме интервенциите. Беа околу 24-25 во период од два до два и пол часа, по засилувањето на ветерот. Сите ресурси ни беа активни на терен во градот Скопје. Имаме голем активен пожар во Горно Блаце, имавме пожар во Општина Нагоричане таму имавме три пожари на три локалитети, Раовиќ, Копаница, имавме пожар во Парк шума Водно над Етно Село, имавме пожар во Добри Дол,… не можам веќе да се сетам. Сите беа критични, за наша среќа успеваме некако да се носиме и со овој предизвик иако сме веќе исцрпени, на крај на сили, напомена Томевски.

Пожарот во „ОХИС“ избувна попладнево поради што беше затворен и патот кон Драчево. Еден од пожарникарите заврши во болница зашто вдишал чад. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе