Нема потврда дека Јанева доставила оставка

Скопје, 6 септември 2019 (МИА) – Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, како што објавија некои медиуми, вчера го доставила од затворот Скопје во кој се наоѓа во притвор.

– Сè уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне, јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски, претседател на Советот на јавни обвинители.

Според објавите во медиумите, дописот го испратиле вчера попладне, а од Советот вчера информираа дека до крајот на работниот ден не е пристигнат допис. Колевски кажа дека доколку пристигне тие веднаш ќе го разгледаат и ќе одлучат како ќе постапат.

Разрешување на Јанева вчера едногласно препорача собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе